Велес форумв | www.promoviraj.co.cc

Велешки форум | www.promoviraj.co.cc
 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

Share | 
 

 Се стабилизираат состојбите на берзата

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
IceshooteR
Супер чистач
Супер чистач
avatar

Број на мислења : 67
Registration date : 2008-04-05

ПишувањеПредмет: Се стабилизираат состојбите на берзата   Саб Апр 05, 2008 11:49 am

Се стабилизираат состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност. Неочекувано брзо берзата денеска одново е во позитива.

По вчерашниот историски рекорден пад на индексот МБИ 10 од 8,40%, денеска, цената на акциите на 10-те најликвидни компании порасна, индексот е во плус од 1,66%.

Вредноста на капиталот се зголеми и кај најголем дел од фирмите што не се во групата најликвидни, а се направи и промет од 795.000 евра.

Психолошкиот ефект од одбивањето на членството на Македонија во Нато полека спласнува, коментираат аналитичарите.

Од фирмите на официјалниот пазар најголем пад на вредноста на капиталот од 16% регистрираше „Охис“.

Во меѓувреме најави и за нови компании што ќе котираат на македонската берза. Најдоцна за месец дена својот капитал на продажба ќе го нуди британската информатичка фирма „I Develop“, која веќе подолго време работи во Македонија со софтверскиот производ наречен „Active reception“.

Менаџерите ги финишираат преговорите за да префрлат дел од своите акции на берзата и да им ги нудат за продажба на граѓаните и на фирмите.

„Ќе се лансираме на Македонската берза и ќе спроведеме јавна понуда на акциите за еден месец, ќе обезбедиме сигурен број на акции, мал број кој ќе дозволи компаниите од Македонија и граѓаните да купуваат акции од нашата компанија“, изјави Сајмон Бимиш, главен менаџер на „I Develop“.

Компанијата во наредниот период ќе се фокусира да ги исполни критериумите што ги бараат берзанските правила, за да може да котира на официјалниот пазар.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Се стабилизираат состојбите на берзата
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Велес форумв | www.promoviraj.co.cc :: Македонија и свет :: Бизнис-
Отиди до: